ПМ честички

Што се ПМ честички?

ПМ честички се ситни честички (тврди или течни) што се присутни во воздухот. Некои покрупни честички како што се прашина можат да се видат со око, но поситните честични можат да се видат само под микроскоп. ПМ честичките се мерат во микрометри или скратено микрони. Обликот материјалот и дистрибуцијата на облик и маса од кој што се изградени драстично варира од регион до регион и од период до период. Во урбаните средини, ПМ честичките можат да битат од најразлична природа во себе вклучувајќи и разни хемикалии и отрови штетни поздравје. Во ПМ честички спаѓа и поленот (до 100 микрони) кој е една од причините за пролетни алергии.

Димензија на ПМ честички

Споредба на ПМ честички

Димензија на полен

Изглед на полен

ПМ честички дизел

ПМ честички од дизел мотори

ПМ честички индустрија

ПМ честички од индустрија

Кои се стандардни мерки за мерење на ПМ честичките?

ПМ честичките најчесто се мерат во микрограми на метар кубен за димензии ПМ2,5 и ПМ10. При тоа ПМ2,5 ги опфаќаат сите честички што се помеѓу 0 и 2,5 микрометри. ПМ 10 ги опфаќаат сите честички што се помеѓу 0 и 10 микрометри. Според светска задравстена организација, дозволената грацина за ПМ10 честички во текот на 24 часа изнесува 50 микрограми/м3 додека за ПМ2,5 изнесува 25 микрограми/м3

ПМ честички 2,5 10

Како се мерат ПМ честичките?

Мерач на ПМ честички

Да се измери колку тежат микроскопски честички кои лебдат во воздухот, не е лесна задача. Сите тие варираат во димензија, облик, материјал, влажност. Од тие причини инструментите за мерење на маса на ПМ честички коштаат повеке од 10000 евра. Принципот на работа на професионалните мерачи се заснова на едно фундамендално физичко својство, доколку низ некоја материја пуштите бета зрачење (сноп од електрони) нивното ослабување ќе биде исклучиво зависно од масата на материјалот и ни еден друг параметар. На овој начин, без да се знае обликот и материјалот на ПМ честичките, може да се измери нивната маса. Овој тип на инструмет се вика BAM – Beta attenuation monitoring и претставува референтен инструмент за мерење на масата на ПМ честичките во мерните станици.

Како работи BAM инструментот?

  • Се филтрираат и се пропуштаат сите ПМ честички помали од 10 микрометри.
  • Филтрираните честички се таложат на хартија во рок од 1 час
  • Се пушта бета зрачење врз наталожените ПМ честички и се мери ослабувањето. На тој начин се пресметува масата на ПМ честичките во рамките на тој час. Ова е најточниот метод што постои за мерење на маса на ПМ честички

Ласерски мерач на број на ПМ честички?

Бидејќи референтните инструменти се многу скапи и гломазни, постојат и друг тип на мерачи, кои се ласерски мерачи на број на ПМ честички. Ласерските мерачи работат на база “Mie Scattering”, се одбива ласерот од честичките во воздухот и се лови на сензор. Потоа со математички опериации на база на математички серии, се проценува колку ПМ честички постојат во воздухот. За жал знаејќи колкав е бројот на честичките, не може да се каже колку тие тежат бидејќи не се знае ни едно друго својстов за нив како што е облик, специфична густина, распределба на обликот и др. Некои ласерските инструменти имаат вградено апроксимативни конверзии од број на ПМ честички во маса (ug/m3) но тоа е апроксимативно. Но доколку инструментот се користи само за релативна споредба тогаш тие се одлични. Со тек на време особено при долга работа, ласерот почнува да ги губи својствата а со тоа се намалува и точноста на инструментот. Исто така и самото таложење на ПМ честичките внатре во инстументот допринесува да им се намалува точноста.

Кои се изворите на ПМ честички во Македонија?

Според Планот за подобрување на квалитетот на воздухот во Скопскиот плански регион што го изработија Финскиот институт за метеорологија, Австриската агенција за животна средина, Градот Скопје и Министерството за животна средина и просторно планирање, во Скопје и скопскиот регион причинителите на загадување во зимскиот период се:
  • 32% Домаќинства
  • 20% Сообраќај
  • 19% Градежни активнисти, улична прашина
  • 18% Индустрија
  • 7% Сулфатни соли
  • 2% Нитратни соли
  • 2% Прекуграничен пренос

Како ПМ честичките вилјаат на нашето здравје?

Со едно вришување внесуваме илјадници ПМ честички кога воздухот е загаден. Крупните честички се налепуваат на респираторните патишта и скоро и не стигнуваат до белите дробови. Ситните честички се многи поопасни. Тие стигнуваат до белите дробови, а тие поситни од 2,5 микрометри директно навлегуваат во крвотокот и се дистрибуираат низ остатокот од огранизмот. Според докторите, дишењето на загаден воздухот може да предизвика мозочен урад, сицеви заболувања, рак на бели дробови и други болести. Овие болести, кои се последица од аерозагадувањето, се водечка причина за смрт на подрачјето на Македонија во зимскиот период, според професорот Ѓорѓев. Тој додава дека само од аеро загадувањето има до 1200 смртни случаи на годишно ниво.

ПМ честички бели дробови

Како да ги редуцираме ПМ честичките во нашите домови?

Најдобар начит да си го прочистите воздухот во вашиот дом е со помош на прочистувач на воздух. Winix има голем избор на прочистувачи на воздух. На следното водео погледнете како може да се прочисти вашата соба

Za zdrav zivot koristete procistuvac na vozduh.

Go cisti vozduhot od stetni PM cesticki, alergii, bakterii, virusi, cad i drugi stetni sostojki vo vozduhot.

Nasite proizvodi korisat aktiven jaglen, hepa filter i plasma tehnologija koja dejstuva kako jonizator.

Виникс пречистувачи на воздух

WinixMk