Релативна влажност, што е и како влијае на нашето здравје

Покрај регулирањето на температурата во вашиот дом, за оптимален комфорт, потребно е да се регулира и релативната влажност во воздухот. Доколку релативната влажност во воздухот е премногу ниска или премногу висока, нема да се чуствуваме најпријатно во нашите домови.

Што е релативна влажност?

Релативна влажност на воздухот значи количесто на водена пареа во воздухот. За разлика од апсолутната влажност што покажува колкава маса на водена пареа се наоѓа во воздухот, релативната влажност преставува процентуален однос на количеството на водена пареа што се наоѓа во воздухот во однос на максималното количество на пареа што може да ја прими воздухот при истата температура. Значи релативната влажност зависи од температурата на воздухот. Доколку релативната влажност достигне 100%, воздухот повеќе нема да може да прима водена пареа, при дадената температура. Доколку воздухот се загрее, релативната влажност опаѓа (бидејќи при поголема температура може да прими повеќе влага). Затоа во зимски периоди, поради грејните тела, релативната влажност во просториите што се греат се намалува.

Дали релативната влажност има влијание врз нас и нашиот дом?

Релавивната влажност влијае и на нашето здравје и на нашиот дом. Најоптимална влажност е во интервалот од 40% – 60%. Влажноста влијае врз нашите чуства за температура. Пониска влажност ни дава чуство на поладно при иста температура. Повисока влажност ни дава чуство на потопло при иста температура. Влажноста влиjае и врз нашите домови. Ниската влажност ја влече влагата од околните предмени, па дрвените предмети може со тек на време да го намалат волументо и да испукаат. Големата влажност ќе предизвика мувлосување на ѕидовите. Влажноста влиае и врз здравјето на луѓето. Сувиот воздух може да ја влече и влажнота од кожата и да ја дехидрира притоа предизвукувајќи прерано стареење. Бројни студии имаат покажано дека влажноста на воздухот влиае и врз развитокот на бактерии и вируси. На сликата може да се види дека при релативна влажност од 40% – 60% ефектите од бактерии и вируси, мувла, алергичен ринитис и астма се најмали. При намалена влажност, дишните патишта стануваат помалку отпорни на бактерии и вируси. Овие се едни од причините зошто во ладните периоди се зачестени инфективните болести.

оптимална зона на релативна влажност

Извор: American Society of Heating, Refrigeration and Air-Conditioning Engineers (ASHRAE), Adapted from Sterling et al., 1985

Табеларен приказ на влијанието на релативната влажност врз домот и здравјето.

Ниска влажност < 40% Висока влажност > 60%
Комфорт
  • Чувство на поладно при нормална температура.
  • Чувство на замор.
  • Чувство на потопло при нормална температура.
  • Тешкотии при дишење.
Здравје
  • Сува кожа, грло, очи.
  • Повисок ризик од инвекции од бактерии, вируси и други респираторни болести.
  • Мувла и грини можат да предизвикаат алергија и астма.
  • Може да тригерира испуштање на хемикалии од разни предмети како на пример формалдехид.
Дом
  • Пресушување и испукување на паркет, дрвени предмети и др.
  • Кондензација и влага по зидови и прозори, мувла.

Доколку имате сув воздух во вашиот дом, особено во зима поради грејните тела и сакате да ја регулирате влажноста погледнте го Winix AW600 навлажнувачот на воздух кој ја испарува водата на природен начин, без да ги исфрла бигорот во воздухот (не креира сива прашина наоколу)

Za zdrav zivot koristete procistuvac na vozduh.

Go cisti vozduhot od stetni PM cesticki, alergii, bakterii, virusi, cad i drugi stetni sostojki vo vozduhot.

Nasite proizvodi korisat aktiven jaglen, hepa filter i plasma tehnologija koja dejstuva kako jonizator.

Виникс пречистувачи на воздух

WinixMk