Opens in a new tab

Прочистувач на воздух Zero S – Wi-Fi

-20%

WINIX Zero S е моќен прочистувач на воздух со прецизен PM сензор, наменет за простории до 100 m², со CADR од 410 m³/час. Сензорот реагира на PM2.5, PM10, полен и домашна прашина, а прочистувачот автоматски ја прилагодува брзината на работа според нивото на загаденост.

Воздухот се прочистува во 4 фази:

  • Префилтер – задржува прашина, влакна и поголеми честички.
  • Гранулиран активен јаглен – со висока апсорпциона моќ, помага при намалување на непријатни мириси, чад и одредени гасови и хемиски соединенија.
  • True HEPA филтер – филтрира PM2.5, PM10 и други ситни честички со ефикасност до 99,99%.
  • WINIX PlasmaWave® технологија – обезбедува дополнителен третман на воздухот.

Една од главните предности на WINIX Zero S е гранулираниот активен јаглен, кој има висок капацитет за апсорпција и е особено погоден за намалување на непријатни мириси и одредени гасовити загадувачи.

WINIX Zero S помага во намалување на прашина, полен, PM честички, домашна прашина, честички и влакна од домашни миленици, спори од мувла, чад и непријатни мириси.

Автоматскиот режим и прецизниот PM сензор му овозможуваат на уредот самостојно да реагира на промените во квалитетот на воздухот.

Со WINIX Smart App може да се контролира преку Wi-Fi, а поддржува и гласовна контрола преку Google Home и Amazon Alexa.

WINIX Zero S е одличен избор за корисници кои сакаат поголем капацитет на прочистување и посебен фокус на гранулиран активен јаглен, заедно со True HEPA филтрација и автоматско следење на воздухот.

Површина до 100 m2
CADR 410 m3/h
Спореди со други модели

21.250 ден

 

17.000 ден со ддв.

Испораката е бесплатна

Четири фази на прочистување

Пре-Филтер

Префилтерот ги филтрира крупните честички и со тоа го продолжува времето на живот на хепа филтерот.

ХЕПА филтер

Вистинскиот ХЕПА филтер ги филтрира 99,99% од честичките поголеми од 0,3 микрони (PM2.5, PM10) како ПМ честички, полен, бактерии и др.

Активен јаглен

Активниот јаглен ги редуцира формалдехиди и други хемикалиите што се присутни во воздухот.

PlasmaWave®

PlasmaWave® Технологија, со позитивни и негативни јони ги разградува вирусите, бактериите и други хемикалии на молекурално ниво.

Карактеристики

ПМ2,5 честички
Високо квалитетниот хепа филтер ги филтрира ПМ честичките поголеми од 0.3 микрометри со ефикасност од 99,99% како што се ПМ2.5, ПМ10
Редуцира хемикалии од воздухот
Прочистувачите ги редуцираат штетните хемикалии и гасови со помош на активниот јаглен како и PlasmaWave технологијата.
Одстравнува прав од воздухот
Пре-филтерот и ХЕПА филтерот ја филтрираат куќната прашина како и други честички од домаќинствата.
Одстранува бактерии од воздухот
ХЕПА филтерот и PlasmaWave технологијата ги редуцираат бактериите и вирусите.
Редуцира бактерии
ХЕПА филтерот и PlasmaWave технологијата ги редуцираат спорите од мувла што лебдат низ воздухот.
Првут од миленици
Пре-Филтерот ги филтрира влакната од домашните миленици како и првутот што лебдат во воздхот.
Редуцира мириси во вашиот дом
Филтерот со активен јаглен како и PlasmaWave технологијата редуцираат одори од вашиот дом.
Одстранува полен од воздухот, против алергии
ХЕПА филтерот го филтрира поленот од воздухот и ви помага против алергиите од полен.
Редуцира чад од цигари
ХЕПА филтерот и филтерот со активен јаглен го филтрираат чадот од цигари.

НАПОМЕНА: Пред да го го пуштите прочистувачот одпакувајте ги филтрите погледнете видео

Совети:

  • Кога проветрувате исклучете го прочистувачот.
  • За алергични или за поголем степен на прочистување ставете го прочистувачот рачно на поголема брзина.
  • Не го користете прочистувачот во простории со јаки одори.
  • Чистете го префилтерот редовно.
Прочистувач на воздух WINIX ZERO S
Прочистувач на воздух WINIX ZERO S PlasmaWave
Прочистувач на воздух WINIX ZERO S

Сертификати

Сертификат ECARF
Сертификат ЦЕ
Сертификат AllergyUK
Сертификат RoHS

Видеа

Спецификација

Модел број AZSU350-JWE
Тежина 7.5 kg
Димензии 38 x 60 X 20 cm
За површина до 100 m2
CADR индекс 410 m3/h
Гаранција 2 години
Брзини на вентилатор 5 (ноќна, спора, средна, брза, турбо)
Ниво на бучава 27 / 31.2 / 36.5 / 40.8 / 51.4 db
Ефикасност на филтри Вистински ХЕПА филтер со ефикасност од 99,99% за честички поголеми или енакви на 0,003 микрометри
Тип на мотор BLDC (без четкици, потивок, долг век на живот)
Тајмер Нема
Сензор за честички Има
Сензор за светлина Има, ноќниот мод се активира автоматски или рачно
Моќност 3.5 / 6 / 9 / 14 / 62 W
Режим на работа рачен, автоматски – денски/ноќен. Автоматскиот режим го контролира сензорот за ПМ честички и во зависност од загаденоста ја регулира брзината.
Приказ на загаденост Во нивоа со бои
Мобилна апликација Има
Промена на хепа филтри 6 – 12 месеци
Боја Бела
Произведено во Тајланд

Филтер

Во самиот уред се вклучени сет филтри. Филтрите се менуваат од 6 месеци - 12 месеци во зависност од условите за употреба.
Филтер за прочистувач Зеро С, filter za procistuvac na vozduh zero s
Winix Filter H
Повеќе