Opens in a new tab

Често поставувани прашања

Дали уредот навистина функционира како што е опишан?

Winix прочистувачите долго време се продаваат во америка, европа и азија. Истите уреди можат да се најдат и на амазон и може да се види дека уредите имаат многу добри кориснички рејтинзи. Исто така прочистувачите се сертифицирани (испитувани) од врвни авторитети како што се AHAM, ECARG, Allergy uk i drugi.

Дали уредите се добри за луѓе кои патат од алергии?

Алергиите влијаат на секој човек различно. Нашите прочистувачи на воздух се одлични за намалување на загадувачите на воздухот, како што се прав, чад, полен, првутот од животни и сл. Уредите користат безбедна и ефикасна технологија и се способни да ви донесеат најдобар квалитет на воздухот во домот. Ако страдате од алергии искрено се надеваме дека нашите производи ќе ви помаганат полесно да дишете.

Дали уредот може да работи 24 часа на ден?

Да и препорачливо е уредот да работи 24 часа на ден.

На колку време се променуваат филтрите?

Најчесто на 1 година, но времето може да варира во зависност од условите на користење.

Што е HEPA филтер?

HEPA (High-efficiency particulate arrestance) е високо квалитетен филтер кој ги филтира ПМ честичките. ХЕПА филтрите имаат различни класи.

Дали HEPA филтерот се пере?

Не. ХЕПА филтерот и филтерот со активен јаглен не смеат да се перат со вода. Префилтерот – мрежата може да се испере со вода.

Дали HEPA филтрите од различни производители се со ист квалитет?

Не. Постојат различни класи на филтри. Winix користи H13/H14 класа на филтри со ефикасност од 99,97. Тоа значи дека 99,97% од честичките што поминуваат низ филтерот со димензија поголема од 0,3 микрометри ќе бидат филтрирани.

Што е PlasmaWawe технологија?

PlasmaWave® технологијата произведува јони и тоа позитинви и негативни. Работи на помал напон одколку класичните јонизатори и затоа не произведува штетен озон (може да произведе трагови, но далеку помали од пропишаната граница, погледнете сертификати). Позитините и негативните јони, од водата во воздухот произведуваат хиркоклис молекули (OH). Хидрокслис молекулите ги разградуваат штетните честички од воздухот. Хидроксил молекулите живеат многу кратко, само неколку нано секунди.

Дали може да се исклучи PlasmaWave®?

Да. Доколку се притисне и задржи копчето “auto” плазмата се вклучува/исклучува наизменично.

Дали Winix прочистувачите произведуваат озон?

Уредите се безбедни и не произведуваат токсичен озон. Сите Winix уреди се проверени и сертифицирани од Амерички лабаратории дека не произведуваат отровен озон (лабараториите проверуваат дали уредите произведуват озон до 0.05ppm кој е дозволена граница). Можете да проверите на веб сајтот на AHAM. Уредите се сертифициран и од California Air Resource Board. Уредите се тестирани и во Грција од лабараторијата Демокритос. Прочистувачите не произедуваат озон, барем не во мерливи количини, погледнете го видеото.

Кога во просторијата е многу тивко слушам некакво крцкање од уредот. Во ред е тоа ?

Да. PlasmaWave® произведува таков звук и тоа е нормално.

Дали да користам ноќен мод на работа?

Ноќниот мод на работа има насјаб проток на воздух и најмало прочистување. Според нас, доколку не ви смета во спиење, користете прва брзина, рачно.

Што значи “Air quality” што го покажува прочистувачот ?

Моделите со сензор за ПМ честичи го мерат ПМ честички во воздухот, не само ПМ2,5 туму и покрупни, како и прашина и полен. Моделите кои имаат и сензор за хемикалии и мириси како ZeroPro покрај ПМ честичките детектираат и штетни гасови како CO и други како и одредени хемикалии и мириси.

Што е оптимална површина а што максимален капацитет

– Оптимална површина на прочистување е провршината при која прочистувачот на најголема брзина ќе ги редуцира честичките од чад за најмалку 80% во рок од 20 минути. Најчесто оваа површина ја дава AHAM и е поврзана со CADR индексот. Грубо тоа е површината при околу 5 промени на волумен на час.
– Максимална површина (капацитет) според ECARF е површината која што ќе ја прочисти за 1 час на најголема брзина одстранувајќи 95% од честичките поголеми од 3 микрометри.

Дали филтите можат да траат подолго од пропишаното време?

Да. Во зависност колку време на ден го користите уредот, и колку дена во годиниата, но и загаденоста на воздухот како и условите на работа, филтрите можат да траат и подолго. Светлосниот индикатор на уредот ќе ве извести кога треба да се променат.

Филтерот има чуден мирис

Доколку филтрите сте ги користеле извесно време, а потоа не сте го работеле прочистувачот, можно е кога повторно ќе го пуштите да осетите чуден мирис. Тој мирис најчесто се губи по 24 часа работа. Доколку ве интересираат кои се мерења ње направени за се добие ECARF сертификат може да ги погледнете на следниот линк