Прочистувач на воздух Winix Zero
WINIX Zero е моќен прочистувач на воздух со прецизен PM сензор и автоматско регулирање на брзината според квалитетот на воздухот. Со CADR од 390 m³/час, WINIX Zero е наменет за простории до 99 m², што го прави погоден за дневни соби, спални соби, канцеларии и други простории во домот.
Сензорот реагира на PM2.5 и PM10 честички, како и на полен и домашна прашина. Во автоматски режим, прочистувачот сам ја прилагодува брзината на вентилаторот според моменталното ниво на загаденост.
Воздухот се прочистува во 4 фази:
- Префилтер – ги задржува поголемите честички, прашина, влакна и други нечистотии.
- Coated Deodorization Carbon Filter – филтер со активен јаглен кој помага при намалување на непријатни мириси, чад и одредени гасови и VOC соединенија.
- True HEPA филтер – филтрира PM2.5, PM10 и други ситни честички со ефикасност до 99,99%.
- WINIX PlasmaWave® технологија – обезбедува дополнителен третман на воздухот.
WINIX Zero помага во намалување на прашина, полен, алергени, PM2.5 честички, честички и влакна од домашни миленици, спори од мувла, непријатни мириси, VOC соединенија и чад од цигари.
Комбинацијата од True HEPA филтер и активен јаглен овозможува истовремено филтрирање на ситни честички и намалување на одредени мириси и гасовити загадувачи.
WINIX Zero располага со автоматски режим и паметен PM сензор, а практичниот тајмер овозможува дополнително прилагодување на времето на работа.
WINIX Zero е одличен избор за корисници кои бараат баланс помеѓу моќен CADR, голема покриеност, True HEPA филтрација и автоматско следење на квалитетот на воздухот.
18.000 ден
14.400 ден со ддв.
Четири фази на прочистување
Пре-Филтер
ХЕПА филтер
Активен јаглен
PlasmaWave®
Карактеристики
НАПОМЕНА: Пред да го го пуштите прочистувачот одпакувајте ги филтрите погледнете видео
Совети:
- Кога проветрувате исклучете го прочистувачот.
- За алергични или за поголем степен на прочистување ставете го прочистувачот рачно на поголема брзина.
- Не го користете прочистувачот во простории со јаки одори.
- Чистете го префилтерот редовно.







Видеа
Спецификација
| Модел број | AZBU330-HWE |
| Тежина | 7kg |
| Димензии | 21 X 60 x 38 cm |
| За површина до | 99м2 |
| CADR индекс | 390m3/h |
| Гаранција | 2 години |
| Брзини на вентилатор | 5 (ноќна, спора, средна, брза, турбо) |
| Ниво на бучава | 27,8db – 60db |
| Ефикасност на филтри | Вистински ХЕПА филтер со ефикасност од 99,99% за честички поголеми или енакви на 0,003 микрометри |
| Тип на мотор | BLDC (без четкици, потивок, долг век на живот) |
| Тајмер | Да, 1/4/8 часови |
| Сензор за честички | Има |
| Сензор за светлина | Има, ноќниот мод се активира автоматски или рачно |
| Моќност | 2,8W – 70W |
| Режим на работа | рачен, автоматски – денски/ноќен. Автоматскиот режим го контролира сензорот за ПМ честички и во зависност од загаденоста ја регулира брзината. |
| Приказ на загаденост | Во нивоа со бои |
| Мобилна апликација | Нема |
| Промена на хепа филтри | ХЕПА филтер - 6 до 12 месеци во зависност од услови на користење, филтер со активен јаглен - 3 месеци (4 филтри годишно, вклучени) |
| Боја | Бела |
| Произведено во | Кореја |
Упатство за употреба
Филтер

















