Поради годишен одмор WinixMK нема да работи од 09.07.2024 до 29.07.2024. Нарачките направени Он Лајн во тој период ќе бидат испорачани после 29.07.2024.

Објаснување на сертификатите

Winix прочистувачите имаат неколку сертификати. Сертификатите можат да се погледнат на страните на продуктите со кликање на логоата. Но што точно значат сертификатите и која е нивната важност ? Секој сертификат има различно значење. Да ги образложиме најважните.

Сертификат AHAM

Winix AHAM certificate
The Association of Home Appliance Manufacturers (AHAM) е Америчка организација (акредитирана од страна на ANSI – American National Standards Institute) која ги верифицира пеформансите на неколку типови на куќни апарати меѓу кои и прочистувачите на воздух. Прочистувачите на воздух кои се сертифицирани и верифицирани преку програмата за сертификација AHAM се сертифицирани и верифицирани од страна на независна лабораторија, уверувајќи ги потрошувачите дека производот ги има каратеристиките наведени во спецификацијата на производителот за предложената површина на собата и редукција на следните честички: чад од цигари, прашина и полен, честопати се нарекува CADR индекс. Со овие тестови се утврдува препорачува големината на собата. За Winix прочистувачите AHAM гарантира дека уредите ги исполнуваат ENERGY STAR® критериумите. Ахам е призната од страна на EPA како сертификационо тело. Уредите кои се сертифицирани од страна на AHAM на пакувањето имаат испечатена “AHAM Verifide Mark” Оваа ознака ги прикажува вредностите на CADR за чад од цигари, прашина и полен.

CADR индекс

Овој индекс представува стандард за споредба на прочистувачите на воздух. Поголем индекс значи дека прочистувачот побрзи и подобро ќе ја прочисти собата. CADR индексот се мери за чад, прашина и полен. Сертификатот за секој тип на уред посебно е базиран на база на лабараториски мерења на случајно избран прочистувач во времетраење од 20 минути, посебно за чад, прав и полен. При мерењето се зема во предвид и времето на природно таложење на чад, прав и полен (decay constant, т.е за колку ќе се намалат овие вредности  во тие 20 мин. доколку  во лабараторијата немало прочистувач). На следните две слики е даден извадок од мерењата за Winix P450 за чад.

Слика AHAM-1, чад оставен во лабараторија да деградира природно Winix AHAM certificate smoke test natural
Слика AHAM-2, мерење на концентрација на чад кога работи прочисувачот Winix AHAM certificate smoke test

На сликата AHAM-1 се гледа дека кога прочистувачот не работи, во рок од 20 минути, концентрацијата на чад од 30334 се намалила на 28610. Тоа знали дека и после 20 мин 94% од чадот е присутен во просторијата (додека трае тестот, нема ново генерирање на чад). Потоа се прави втор тест со вклучен пречистувач, слика AHAM-2. Концентрацијата на чад во рок од 20 минути од 25224 паднала на 62. Пресметано во проценти 0,24% од чадот останал во просторијата по 20мин. т.е степенот на прочистување е 99,75% за дадениот волумен во рок од 20мин. CADR индексот се пресметува по следната формула CADR = Volume * (decay_constant_measured – decay_constant_natural) каде што Volume е волументо на лабараторијата, decay_constant_measured е индексот на прочистување кога работи прочистувачот (0,3) додека decay_constant_natural е индексот на природно таложење на чад (0,002)

Препорака: За најдобри перформанси, особено пред спиење или еднаш на ден, ставете го уредот на брзина “HIGH” од 30мин – 60 мин.


Сертификат ECARF

Winix ECARF certificate
European Centre for Allergy Research Foundation (ECARF) представува Европско сертификационо тело. Овој сертификат е потврда дека уредот им помага на луѓе кои се алергични на некои од честичките што се наоѓаат во воздухот. Сертификатот значи дека уредот значително може да им го подобри квалитетот на живот на луѓето што страдаат од алергии причинети од алергените честички што се наоѓаат во воздухот. Независни експерти, доктори и научници учествуваат во процесот на сертификација. Тие утврдуваат дали продуктот е соодветен за алергични и дали специфијацијата е точна. Следните својства се провуваат при овие тестови:
  • Минимална ефикасност за филтрирање на честичките со димензиии помеќу 0.1µm и 0.3µm да е поголема од 85%
  • Ефикасност за филтрирање на честички до 0.5µm (Бактерии, други честички) да е поголема од 90%
  • Ефикасност за филтрирање на честички над 3µm (спори од мувла, полен) да е поголема од 95%
  • Други тестови. Комплетна листа на тестови може да најдете овде

Сертификат Allergy.uk

Winix allergy.uk certificate
Allergy.uk со протокол креиран од научници, потврдува дека продуктите кои го имаат нивниот сертификат ги намалуваат алергените честички што се наоѓаат во воздухот и на тој начин им помагаат на корисниците полесно да се справат со несаканите алергии. Под алергени спаѓаат полен, спори од мувла во воздухот, ситни честички од домашни миленици, измет од грини (самите грини кои живеат во душеците не произведуваат алергија, но нивниот измет кој содржи протеин тригер на алергија многу лесно може да се најде во воздухот) Најчести алергии предизвикани од алергени честичи во воздухот се алергичен ринитис, астма, зацрвенети очи и поретко црвенила по кожата. Прочитајте повеќе на нивиот веб сајт Allergy.uk.

Сертификат ARB

Winix ARB certificate
California Air Resource Board, е сертификационо тело од Калифорнија. Овој сертификат потврдува дека уредот не произведува озон. Озонот е штетен по здравје. Уредите не смеат да произведуваат повеќе од 0,05ppm (parts per million) т.е 100ug/m3 (микрограми на метар кубен). За споредба, во моментов на пишување на овој блог, концентрацијата на озон во Скопје центар изнесува околу 80ug/m3 а тоа е околку 0,04ppm – безбедно ниво по здравје. Сите Winix прочистувачи се сертифицирани од страна на ARB дека ги задоволуваат критериумите за озон. ARB сертификатот не кажува колку озон произведува туку дали го задоволува стандардот за безбедност по здравје. Погледнете видео.

Сертификат RoHS

Winix RoHS certificate
Овој сертификат потврдува дека во уредот не се вградени никакви материјали кои што се штетни по здравје.


Za zdrav zivot koristete procistuvac na vozduh.

Go cisti vozduhot od stetni PM cesticki, alergii, bakterii, virusi, cad i drugi stetni sostojki vo vozduhot.

Nasite proizvodi korisat aktiven jaglen, hepa filter i plasma tehnologija koja dejstuva kako jonizator.

Виникс пречистувачи на воздух

WinixMk