Opens in a new tab

Релативна влажност

Покрај регулирањето на температурата во вашиот дом, за оптимален комфорт, потребно е да се регулира и релативната влажност во воздухот. Доколку релативната влажност во воздухот е премногу ниска или премногу висока, нема да се чуствуваме најпријатно во нашите домови.

Што е релативна влажност?

Релативна влажност на воздухот значи количесто на водена пареа во воздухот. За разлика од апсолутната влажност што покажува колкава маса на водена пареа се наоѓа во воздухот, релативната влажност преставува процентуален однос на количеството на водена пареа што се наоѓа во воздухот во однос на максималното количество на пареа што може да ја прими воздухот при истата температура. Значи релативната влажност зависи од температурата на воздухот. Доколку релативната влажност достигне 100%, воздухот повеќе нема да може да прима водена пареа, при дадената температура. Доколку воздухот се загрее, релативната влажност опаѓа (бидејќи при поголема температура може да прими повеќе влага). Затоа во зимски периоди, поради грејните тела, релативната влажност во просториите што се греат се намалува.

Дали релативната влажност има влијание врз нас и нашиот дом?

Релавивната влажност влијае и на нашето здравје и на нашиот дом. Најоптимална влажност е во интервалот од 40% – 60%. Влажноста влијае врз нашите чуства за температура. Пониска влажност ни дава чуство на поладно при иста температура. Повисока влажност ни дава чуство на потопло при иста температура. Влажноста влиjае и врз нашите домови. Ниската влажност ја влече влагата од околните предмени, па дрвените предмети може со тек на време да го намалат волументо и да испукаат. Големата влажност ќе предизвика мувлосување на ѕидовите. Влажноста влиае и врз здравјето на луѓето. Сувиот воздух може да ја влече и влажнота од кожата и да ја дехидрира притоа предизвукувајќи прерано стареење. Бројни студии имаат покажано дека влажноста на воздухот влиае и врз развитокот на бактерии и вируси. На сликата може да се види дека при релативна влажност од 40% – 60% ефектите од бактерии и вируси, мувла, алергичен ринитис и астма се најмали. При намалена влажност, дишните патишта стануваат помалку отпорни на бактерии и вируси. Овие се едни од причините зошто во ладните периоди се зачестени инфективните болести.

Табеларен приказ на влијанието на релативната влажност врз домот и здравјето.

Ниска влажност < 40%Висока влажност > 60%
Комфорт– Чувство на поладно при нормална температура.
– Чувство на замор.
– Чувство на потопло при нормална температура.
– Тешкотии при дишење.
Здравје– Сува кожа, грло, очи.
– Повисок ризик од инвекции од бактерии, вируси и други респираторни болести.
– Мувла и грини можат да предизвикаат алергија и астма.
– Може да тригерира испуштање на хемикалии од разни предмети како на пример формалдехид.
ДомПресушување и испукување на паркет, дрвени предмети и др.Кондензација и влага по зидови и прозори, мувла.

Други постови
Хепа филтер за прочистувач WINIX T1

Што е ХЕПА филтер ?

При изборот на прочистувач на воздухот за вашиот дом или канцеларија, најбитен е ХЕПА филтерот. Квалитетот…
Повеќе
Прочистувачи на воздух против астма

Бронхитис во пораст поради загадувањето со

Термоцентралите РЕК Битола и Осломеј (привремено не работи) произведуваат илјадници тони ПМ честички и други…
Повеќе
загадување на воздухот zagaduvane na vozduhot

Влијание на термо централите врз квалитетот

Во западен Балкан има 16 застарени термо централи на јаглен кои го загадуваат воздухот и…
Повеќе
Информации за прочистувачите WINIX

Совети при избор на прочистувач

Оваа година се зголеми популарноста на прочисувачите на воздух. Како резултат се појавија повеќе брендови.…
Повеќе
Мапа на загаденост и мерни точки со приказ на квалитет на воздух

Мапа на загаденост со приказ на

На нашата веб страна воведовме мапа на загаденост со цел корисниците подобро да се информираат…
Повеќе
ефикасност на хепа филтер 99

Ефикасност на хепа филтерот

Во прилог е даден сертификат EN1822, на кој што се гледа дека ефикасноста е 99,99%…
Повеќе
Првут од миленици

Првут од миленици

Луѓето кои имаат алергија на домашни миленици имаат чувствителен имунолошки систем. Ваквиот имунолошки систем реагира…
Повеќе
виникс со ново лого

Како работи PlasmaWave технологијата ?

Што е Plasmawave® ? Winix Plasmawave® технологијата користи природен и безбеден процес на прочистување на…
Повеќе