Често поставувани прашања

Дали да купам Winix прочистувач или друг бренд?

Внимавајте што купувате! Купувајте светски бренд. Во спротивно може да бидете измамени. Пред да го купите производот осигурете се дека прочистувачот навистина функцонира и е квалитетен. Еве неколку точки како да отцените дека прочистувачите навистина функционираат:

  • Купувајте производи што се продава во цел свет (на пример на amazon и ebay). Доколку при пребарување на името на производот на Google добиете македонски или балкански бев страни, тогаш најверојатно тој производ не е наменет за светски пазар и најверојатно е со слаб квалитет. Winix производите можат да се најдат на amazon, www.winixamerica.com и на многу други места низ цел свет.
  • Купувајте производи што имаат сертификати од трети реномирани авторитети. Winix ги има следните сертификати: AHAM, ECARF, Allergy.uk, RoHS, CE (линк до сертифитатите можете да најдете во спецификацијата на прочистувачите)
  • Одберете ги оние производи за кои што може да најдете кориснички коментари (user reviews) и тоа позитивни. Не купувајте производи за кои што не можете да прочитате што мислат купувачите за производот што го купиле. За Winix производите можете да видите што мислат купувачите на amazon и ebay каде што можете да најдете доста кориснички коментари.
  • Да биде јасно истакнато на колку време се менуваат филтрите и колку чини промената. Хепа филтрите за било кој бренд најчесто се менуваат на една година (во зависност дали уредот работел 24 часа на ден цела година и колку е заганед воздухот)
  • За Winix прочистувачите може да најдете мерења направени со инстурмент за мерење на ПМ честички на youtube и на нашиот веб сајт каде што може да се уверите дека измерените вредности се софпаѓаат со декларираните вредности и дека прочистувачите навистина функционираат како што е декларирано.

Што е PlasmaWawe технологија?

PlasmaWave® технологијата произведува јони и тоа позитинви и негативни. Работи на помал напон одколку класичните јонизатори и затоа не произведува штетен озон (може да произведе трагови, но далеку помали од пропишаната граница, погледнете сертификати). Позитините и негативните јони, од водата во воздухот произведуваат хиркоклис молекули (OH). Хидрокслис молекулите ги разградуваат штетните честички од воздухот. Хидроксил молекулите живеат многу кратко, само неколку нано секунди.

Дали Winix прочистувачите произведуваат озон?

Уредите се безбедни и не произведуваат токсичен озон. Сите Winix уреди се проверени и сертифицирани од Амерички лабаратории дека не произведуваат отровен озон (лабараториите проверуваат дали уредите произведуват озон до 0.05ppm кој е дозволена граница). Можете да проверите на веб сајтот на AHAM. Уредите се сертифициран и од California Air Resource Board. Уредите се тестирани и во Грција од лабараторијата Демокритос. Грчкиот Демокритос на сертификатот го дава и вкупното количество на озон во просторијата. Од сертификатот на Демокритос може да се види дека вкупниот озон во просторијата не се променува со работата на прочистувачот. Прочистувачите не произедуваат озон, барем не во мерливи количини, погледнете го видеото.

Дали може да се исклучи PlasmaWave®?

Да. Доколку се притисне и задржи копчето “auto” плазмата се вклучува/исклучува наизменично.

Дали да користам рачен или автоматски мод?

Препорачуваме рачен мод, особено за поголеми простории. Поголема брзина подобро прочистување. Самите може да си определите која брзина ви е најприфатлива за најоптимално прочистување (се разбира, поголема брзина поголем проток на воздух, повеќе шум).

Дали да користам ноќен мод на работа?

Ноќниот мод на работа има насјаб проток на воздух и најмало прочистување. Според нас, доколку не ви смета во спиење, користете прва брзина, рачно.

Што мери сензорот ?

За FreshHome и Signature сериите сензорот е од тип на VOC (volatile organic compounds) и реагира на разни мириси и хемикалии во воздухот. HR серијата има VOC сензор, но и сензор за честички што го прави HR1000 поосетлив кога е во авто мод.

Што значи “Air quality” што го покажува прочистувачот ?

Вредноста на “Air quality” т.е квалитет што се прикажува на уредот воопшто не е исто со квалитет на воздух што го даваат мерните станици. Квалитетот на воздух прикажан на уредот значи квалитет измерен од VOC сензорот во однос на мириси и хемикалии. Тоа нема никаква врска со број на ПМ честички. Прочистувачот HR1000 во предвид ги зема и ПМ честичките но само грубо. Без разлика на претцизноста на сензорите, прочистувачот секогаш го прочистува воздухот што поминува низ него. Поголем проток на воздух (поголема брзина) побрзо прочистување. Затоа ние препорачуваме рачен мод.

Дали може уредите да се користат за поголеми површини од пропишаните ?

Да но квалитетот на прочистување ќе биде послаб. За разлика од другите производители на прочистувачи на воздух кои сами си ги даваат бројките за површина на прочистување, Winix ги користи површините кои се сертифицирани дека ги задоволуват потребните квалитети. Овие пресметки се направени од страна на AHAM и за тие површини пресметани се CARD индекс

Кога во просторијата е многу тивко слушам некакво крцкање од уредот. Во ред е тоа ?

Да. PlasmaWave® произведува таков звук и тоа е нормално.

На колку време се променуваат филтрите?

Доколку уредот работи 24 часови на ден, секој ден, препорачано е филтрите да се менуваат еднаш годишно. Но треба да се земе во предвид и степенот на загаденост на воздухот. Уредот содржи контролен индикатор и свети кога треба да се променат филтрите.

Кои филтри се вклучени кога купувам нов сет на филтри?

За FreshHome серијата (P150, P300, P450) вклучени се 4 графитни филтри и еден хепа филтер. За Signature серијата (U300, U450) вкучени се префилтер, хепа филтер и графитен филтер спакувани во касета.

Дали уредот може да работи 24 часа на ден?

Да и препорачливо е уредот да работи 24 часа на ден.

Дали уредот навистина функционира како што е опишан?

Winix прочистувачите долго време се продаваат во америка, европа и азија. Истите уреди можат да се најдат и на амазон и може да се види дека уредите имаат многу добри кориснички рејтинзи. Исто така прочистувачите се сертифицирани (испитувани) од врвни авторитети како што се AHAM, ECARG, Allergy uk i drugi.

Дали уредите се добри за луѓе кои патат од алергии?

Алергиите влијаат на секој човек различно. Нашите прочистувачи на воздух се одлични за намалување на загадувачите на воздухот, како што се прав, чад, полен, првутот од животни и сл. Уредите користат безбедна и ефикасна технологија и се способни да ви донесеат најдобар квалитет на воздухот во домот. Ако страдате од алергии искрено се надеваме дека нашите производи ќе ви помаганат полесно да дишете.

Што е HEPA филтер?

HEPA (High-efficiency particulate arrestance) е високо квалитетен филтер направен од фиберглас кој ги филтира честичките поголеми од 0,3 микрометри

Дали HEPA филтерот се пере?

Фитрите за FreshHome серија i HR серија не се парат. Филтрите од Signature серија можат да се перат максимум до 3 пати во дестилирана вода. WinixMk не одговара доколку при перење на фитрите ги оштетите.

Дали сите HEPA филтри се со ист квалитет?

Не. Постојат различни класи на филтри. Winix користи H13 класа на филтри со ефикасност од 99,97. Тоа значи дека 99,97% од честичките што поминуваат низ филтерот со димензија поголема од 0,3 микрометри ќе бидат филтрирани

Дали филтите можат да траат подолго од пропишаното време?

Да. Во зависност колку време на ден го користите уредот, и колку дена во годиниата, но и загаденоста на воздухот, филтрите можат да траат и подолго. Светлосниот индикатор на уредот ќе ве извести кога треба да се променат.

Дали прочистувачите се и навлажнувачи на воздух ?

Не. Winix Прочистувачите само го прочистуваат воздухот и не додаваат никаква влажност во просторијата. Winix има посебен навлажнувач кој работи на база на природно испратување и не го калцифира просторот (не исфрла бигор од водата во воздухот, за разлика од ултрасоничните навлажнувачи кои го исфраат и бигорот и сите нечистотии во воздухот)