Видео Галерија

Повеќе видеа можете да погледнете на YouTube

За Брендот

Технома 2017

Демонстрација на ефикасноста на Winix true hepa filter.

HR1000 во дневна соба

Реално видео со прочистувач на воздух hr1000 поставен во дневна соба.

Преглед на основните функции на прочистувачите

На следното видео може да ги погледнете главните карактеристики на прочистувачите.

Тест како Winix прочистува чад

За да провериме како Winix прочистувачите на воздух се справуваат со чад, направивме визуелен тест. Направивме прозирна кутија составена од пластична рамка и целофан која е задихтуван на сите страни освен на основата. Во кутијата ставивме прочистувач на воздух Winix P450. Ставивме жарчиња и темјан кој произведува доста чад. Додека кутијата се полнеше со чад уредот не работеше. Откако кутијата се наполни со чад, го вклучивме прочистувачот на воздух преку далечинскот управувач. За кратко време прочистувачот го исчисти воздухот во кутијата до тој степен да со голо око не може повеќе да се види чад внатре иако темјанот продолжи да чади.

Мерење на честичите во воздухот

На следното видео е направено мерење на ПМ честичките во воздухот пред да биде прочистен со Winix U450 (Winix U450 ги има истите карактеритики како Winix P450 само што има дополнителен предфилтер за влакна од домашни миленици) во континуитет од 30мин. Пред да биде вклучен пречистувачот бројот на ПМ 0.3 честични исзесува 536011 а на ПМ 10 честичките изнесува 812. (Мерењето е направено во холандија, затоа новото е толку ниско. Кај нас овие бројки се далеку поголеми) По 30 мин работа на прочистувачот бројот на ПМ0.3 честички изнесува 2418 а бројот на ПМ10 честичките изнесува 1. Ако се пресмета во проценти, прочистувањето на ПМ0.3 изнесува 99.55% а прочистувањето на ПМ10 честичките изнесува 99.87% при што со сигурност може да се каже дека апаратот го прочистил воздухот во просторијата > 99.5%

Мерење на честичите директно од прочистувачот

Следното мерење е слично на претходното, но горниот дел на прочистувачот е затворен со најлон за да се изолира прочистениот воздух од надворешниот и да се направат попретцизни мерења. Бројот на честични во воздухот изнесува ПМ0.3 = 24800, ПМ10 = 28. Бројот на ПМ честички што излегуваат од прочистувачот изнесува ПМ0.3 = 149, ПМ10 = 1 Ако се пресмета во проценти прочистувањето на ПМ0.3 честичките изнесува 99,4% а за ПМ10 изнесува 99,4%

Winix PlasmaWave не произведува озон

Мерењето направено на видеото има за цел да провери дали Winix прочистувачот на воздух произведува штетен озон кога работи PlasmaWave. Со инструмент за мерење на озон се мери вредноста на озон надвор. Измерената вредност изнесува 0,04ppm (parts per million, делови од милион). Потоа се мери вредноста на озон внатре. Вредноста изнесува исто како и надовр 0,04ppm. Над прочистувачот на воздух е поставен мерач на јони, преку кој може да се види дали PlasmaWave функционира или не. Кога ќе ја вкчучи PlasmaWave, бројот на јони во воздухот драстично расте, што се гледа на мерачон за јони што значи дека PlasmaWave работи т.е произведува јони. Потоа со мерачот на озон директно на уредот се мери концентрацијата на озон. Мерачот на озон не покажува зголемено количество на озон, што значи дека прочистувачот не поризведува озон. За да нема сомнеж дали мерачот на озон е функционален или не, намерно се става до генератор на озон за да се види дека мерачот работи т.е не заглавен на вредноста која што ја покажува. Winix прочистувачите се сертифицирани и од California ARB и од Америчката AHAM дека не произведуват озон.

Преглед на прочистувач од задоволен купувач

Презентација за Winix компанијата

Plasmawawe технологија