Услови на користење

Он-Лајн Нарачки
Он-Лајн нарачките се наплатуваат по банкарски пат и за нив се издава фактура (Закон за регистрирање на готовински плаќања, член 2)
За нарачките платени со кеш или на терминал во салон, се издава фискална сметка.

Услови на употреба

Електронска продавница http://www.winixmk.mk обезбедува сигурни производи и услуги на своите посетителите, членовите и корисниците со прифаќање на следниве услови на употреба. Од посетата или нарачка преку http://www.winixmk.mk, вие се согласувате со овие услови. Ве молиме прочитајте ги внимателно во редовни интервали, со цел да бидете известени за било какви промени. Промените ќе бидат направени без претходно известување до корисниците.

Авторско право

Сите содржини што се на интернет страната http://www.winixmk.mk, се исклучива сопственост на е-продавницата и се заштитени со македонските и меѓународните закони за заштита на авторските права, но не ограничувајќи се на текст,
графика, трговски марки, слики и сл.

Дозвола и пристап до електронската продавница

Можете неограничено да пристапите на овој сајт и неговата содржина во согласност со следниве услови на употреба. Ако сте помлади од 18 години, можете да го користите нашиот сајт само со согласност на родител или старател. Информациите и содржината генерално се наменети за глобален пристап и употреба.
Ние го задржуваме правото да одбиеме услуги во нашата сопствена дискреција и без претходна најава. Вие сте целосно одговорни за вашата употреба на овој сајт, и се согласувате да ги надоместите штетите кои произлегуваат од несоодветно користење на сајтот.

Правото да се менува

На http://www.winixmk.mk го задржува правото да се прават промени на онлајн продавницата, комерцијалната политика и условите за негово користење кои во секое време се неопходни.

Правила за корисниците

Сите цени во оваа web-продавница се конечни на денот на нарачката и во нив веќе е вклучен ДДВ. Сите цени се изразени во денари.
Нарачаните производи што во моментот се на залиха ќе ви бидат испорачани во период од 2-3 дена, на домашна адреса или во локалната пошта.
По комплетирањето на нарачката, ќе добиете и e-mail порака за потврда, која ќе ги содржи деталите од нарачката.
Производот кој не ви одговара можете неоштетен, неупотребуван во оригинално пакување и со приложените документи да го вратите во рок од 15 дена од денот на преземањето.
Во случај да барате враќање на парите, тоа право ќе можете да го остварите само ако производот го вратите неупотребуван и во оригиналното пакување, во период од 15 дена од приемот на производот. Парите ќе ви бидат префрлени на Вашата трансакциска сметка.