WINIX ZeroN прочистувач на воздух со сензор за ПМ честички. Прочистувачот сам ја регулира брзината со помош на претцизниот сензор за ПМ честички. Прочистува од ПМ честички, полен, редуцира чад од цигари, бактерии, вируси, хемикалии. Го прочистува воздухот во 3 фази на прочистување, префилтер, филтер со активен јаглен (Coated Deodorization Carbon Filter) кој ги редуцира хемикалиите, вистински ХЕПА филтер кој ги филтрира ПМ честичките поголеми од 0,003 микрометри (PM2.5, PM10) со ефикасност од 99,99%. Прочистувачот е наменет за спални соби, канцеларии или помали простории. Префилтерот е од ткаенина која може да се пере и има сет од два префилтри во различна боја, сива и кафеава.
Нема залиха
Он-Лајн нарачките се наплатуваат по банкарски пат со картичка и за нив се издава фактура
(Закон за регистрирање на готовински плаќања, член 2)
Три фази на прочистување
Префилтер
Префилтерот ги филтрира крупните честички и со тоа го продолжува времето на живот на хепа филтерот.HEPA Филтрирање
Вистинскиот ХЕПА филтер ги филтрира 99,99% од честичките поголеми од 0,3 микрони (PM2.5, PM10) како ПМ честички, полен, бактерии и др.Aктивен јаглен
Активниот јаглен ги редуцира формалдехиди и други хемикалиите што се присутни во воздухот.Прочистува
Без озон
Уредите се безбедни бидејќи не произведуваат отровен озон
ПМ честички
Ги отстранува ПМ честичките пололеми од 0,003 микрони (PM2.5, PM10) со ефикасност од 99,99%
Првут од миленици
Го отстратнува првутот од милениците и ситни влакна
Алергија
Го елеминира поленот од воздухот. Особено корисно за алергични
Хемикалии
Активниот јаглен редуцира разни хемикалии
- Кога готвите исклучете го прочистувачот. Потоа проветрете ја просторијата и повторно вклучете го.
- Кога проветрувате исклучете го прочистувачот.
- За алергични или за поголем степен на прочистување ставете го прочистувачот рачно на поголема брзина.
- Не го користете прочистувачот во простории со јаки одори.
- Чистете го префилтерот редовно.
Интро
Филтрирање на чад
Спецификација
Модел број | AZNU230-HWE |
Тежина | 6.2 kg |
Димензии | 35 X 27 x 45 cm |
Максимален капацитет (Според ECARF) инфо | 45м2 (за 1 час на најголема брзина ќе редуцира 95% од честичките поголеми од 3 микрометри) |
Максимален проток | 330m3/h |
Гаранција | 2 години |
Брзини на вентилатор | 4 (ноќна, спора, средна, брза) |
Ниво на бучава | 26db – 47db |
Ефикасност на филтри | Вистински ХЕПА филтер со ефикасност од 99,99% за честички поголеми од 0,003 микрометри |
Тип на мотор | BLDC (без четкици, потивок, долг век на живот) |
Тајмер | Нема |
VOC сензор | Нема |
Сензор за честички | Има |
Моќност | 3W – 40W |
Режим на работа | рачен, автоматски – денски/ноќен. Автоматскиот режим го контролира сензорот за ПМ честички и во зависност од загаденоста ја регулира брзината. |
Промена на хепа филтри | 6 – 12 месеци |
Промена на филтер со активен јаглен | 3 месеци (4 филтри годишно, вклучени) |
Боја | Бела. Префилтер сив и кафеав. |
Напојување | 220V |
Упатство за употреба | EN-FR-ES-DE-IT-NL-PL |
Произведено во | Кореја |
Филтер
Со самиот уред e вкчучен сет филтри (4 филтри со активен јаглен и еден ХЕПА филтри). Филтрите со актвен јаглен се менуваат на 3 месеци, хепа филтрите се менуваат од 6-12 месеци, во зависност од условите на користење.