Прочистувач на воздух Winix HR1000 / Zero+

 
WINIX HR1000 (Zero+) прочистувач на воздух е модел со модерен дизајн. Прочистува од ПМ честички, полен, редуцира чад од цигари, бактерии, вируси, хемикалии. Го прочистува воздухот во 5 фази на прочистување, префилтер кој може да се мие со вода, филтер со активен јаглен (Coated Deodorization Carbon Filter) кој ги редуцира хемикалиите, вистински ХЕПА филтер обложен со анти бактериско средство кој ги филтрира ПМ честичките поголеми од 0,3 микрометри (PM2.5, PM10), WINIX PlasmaWave® технологија кога ги редуцира хемикалиите. Уредот има тајмер, child-lock, и Wi-Fi конекција со вашиот смарт телефон преку кој можете да го мониторирате и управувате. Прочистувачот има вграден смарт сензор кој се состои од сензор за ПМ честички и сензор за мириси и хемикалии (VOC). На тој начин најоптимално ќе ја регулира брзината во авто мод за да го прочистува воздухот најоптимално при тоа да биде што е можно потивок.

Прочистува

Ozone free, bez ozon

Без озон

Уредите се безбедни бидејќи не произведуваат отровен озон
Polution, zagaduvaci

ПМ честички

Ги отстранува ПМ честичките пололеми од 0,3 микрони (PM2.5, PM10)
Bacteria, bakterii

Бактерии и вируси

HEPA филтерот во комбинација со PlasmaWave® технологијата ги редуцира бактериите и вирусите
Pet dander, prvut od milenici

Првут од миленици

Го отстратнува првутот од милениците и ситни влакна
Polen

Алергија

Го елеминира поленот од воздухот. Особено корисно за алергични
Mold Spores, muvla

Спори од мувла

Ги отстранува спорите од мувла
Cigarete smoke, cad od cigari

Чад од цигари

Го редуцира чадот од цигари
Chemicals, hemikalii

Хемикалии

Активниот јаглен редуцира разни хемикалии
Совети:
  • Кога готвите исклучете го прочистувачот. Потоа проветрете ја просторијата и повторно вклучете го.
  • Кога проветрувате исклучете го прочистувачот.
  • За алергични или за поголем степен на прочистување ставете го прочистувачот рачно на поголема брзина.
  • Не го користете прочистувачот во простории со јаки одори.
  • Чистете го префилтерот редовно.

Сертификати

Ве интересираат повеќе детали за сертификатите ? Погледнете овде

Интро

Прочистување во дневна соба

Демонстрација на апликацијата

Подесување на апликацијата

Пред ја ја изберете “Winix Smart” мрежата, притистете го Wi-Fi копчето на прочистувачот и потоа задржете го неколку секунди се додека не чуете краток звук. Wi-Fi индикаторот ќе почне да трепка.

Спецификација

Тежина 8.5kg
Димензии 25 X 41 x 60 cm
Оптимална површина (AHAM) 40м2
Антибактериски третмант CleanCel
CADR индекс (прав/полен/чад) 284/324/278(482/550/472 m3/h)
Гаранција 2 години
Брзини на вентилатор 5 (ноќна, спора, средна, брза, турбо)
Проток на воздух 96/150/192/276/486 m3/h
Ниво на бучава 26.4/30.6/35.2/40/56 db
Тип на мотор BLDC (без четкици, потивок, долг век на живот)
VOC сензор Има (volatile organic compounds, сензор за некои мириси и хемикалии)
Сензор за честички Има
Моќност 5W sleep, 90W turbo
Режим на работа рачен, автоматски – денски/ноќен.
Промена на филтри 1 година
Боја Бела.
Напојување 220V
Сертификати AHAM, ECARF, CE, California ARB
Упатство за употреба EN HR1000, MK Zero+
Произведено во Кореја

Филтер

Со самиот уред e вкчучен сет филтри кој се состои од еден префилтер (кој останува со уредот,не се менува), хепа филтер обложен со акти бактериски третмант и филтер обложен со активен јаглен. Времето на промена на филтрите е од 6-12 месеци во зависност од условите на користење.
Filter za procistuvac na vozduh winix U450

Филтер HR1000

Повеќе

Прочистувачи на воздух